Актуелно
Католиците го слават Велигден, православните христијани – Цветници
Верниците од католичката и протестантската христијанска вера денеска го прославуваат Велигден, најголемиот христијански празник кој се одбележува како денот на Христовото воскресение. Празникот започна со одржување на полноќни миси во католичките и протестантските храмови во земјата.
Во меѓувреме, вториот ден од Велигден, понеделникот, е неработен ден за верниците од овие деноминации. Високите државни функционери упатија честитки по повод на празникот, а неколку од нив присуствуваа на католичката миса во црквата „Свето срце Исусово“ во Скопје.
Паралелно со овој празник, православните христијани денеска го прославуваат празникот Цветници, познат и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението, и се одбележува ден по Лазарева сабота. На овој ден се прославува влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, каде што луѓето го пречекуваат со извици и маслинови гранчиња, пречекувајќи го како цар.