Актуелно
ЌЕ ЗБОРУВАМЕ КАКО ДОМА: Од 1 јули се укинува роамингот за земјите од Западен Балкан
Конечно ќе зборуваме и сурфаме на интернет додека сме на одмор во соседството, како од дома! Од 1 јули целосно ќе се укине роаминг услугата за граѓаните од земјите од Западен Балкан (Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово).
– „Инспирирани од Европската Унија, воспоставивме и создадовме средина каде што сите граѓани на земјите од Западен Балкан ќе можат безбедно да ги користат своите мобилни телефони за да остваруваат повици, да испраќаат пораки или да сурфаат на интернет низ сите земји во Западен Балкан без дополнителни трошоци од 1 јули!“ – рече министерот Шаќири.
Тој нагласи дека ова е само почеток, додавајќи дека важноста на овој договор е исклучително голема и е предуслов да се започне процесот за намалување на трошоците за роаминг и помеѓу балканските земји и земјите од Европската Унија.