Комуницирај, активирај се и реализирај го План Дојран
ГАУС Институт – Фондација за нови технологии, иновации и трансфер на знаење во соработка со Македонското научно друштво – Битола и поддршка од Општина Дојран, реализираше неколку форуми за подигнување на јавната свест за долгорочен одржлив развој на Дојранското езеро.
Еден од форумите имаше цел да ги активира граѓаните, деловните луѓе и институциите во градењето на нови бизнис модели со еколошки стандарди, како и развивање на стратегии, политики, програми, модели за одржлив социо-економски развој. Другиот форум беше наменет за децата и младите и имаше цел да ја развие еколошката култура, волонтерство и стекнување активни ставови и однесувања кон екосистемот на Дојранското езеро.
Преку нив се потенцираше дека преземањето на лична акција и одговорност, проактивност за иницијативи и мониторинг на локаните институции, аплицирање на различни проекти, се начин подобрувањето на квалитетот на живот, зачувување на природните ресурси за идните генерации и промоција на регионот.
Сите поединци, граѓански здруженија и стопански субјекти во Општината беа поттикнати да учествуваат во процесот на креирање идеи, политики и акции. ГАУС Институтот претходно изработи Студија за стратегиско предвидување и планирање за Дојранското Езеро. Во студијата беа дадени насоки и сценарија кои можат да ги очекуваат во наредните 20 години во регионот на Дојранското Езеро. Таквата можна слика им даде перспектива на учесниците во форумите дека само со нивно активирање можно е одржување на еко системот на Дојранското езеро и одржлив развој на индустријата.
Со оглед дека целта на проектот е одржлив развој на регионот на Дојранското Езеро во наредните 20 години посебен акцент беше даден на работата со најмладите.
Форуми во форма на само-мотивирачки игри беа одржани со деца од основните и средните училишта и млади до 30 години.
Најмладите уживаа во иницијативите на отворен простор и игри од типот на:
– Запознавање и почетна мотивација – Биди мој водич низ Дојран за богатствата во нивното опкружување, ресурси, природни убавини, културно историски објекти,
– Бунарот на желбите игра за рециклирање – пренамена на отпад
– Тортата на желбите развивање на про-социјални вештини, тимски дух, способности за учество во креирање на добри реторики и промоции на регионот
– Сладок споменар на тајните – складирање пишувани доживувања од посети и знаменитости во улога на туристи
– Бунарот со девет катанци – игра базирана на локалните легенди како основа за преземање на активности за социјален развој, про-социјални вештини, свест за околината, потенцијалите и ресурсите на околината и лични волонтерски акции за промоција.
– Презентација на успешни блогерски приказни од светот кои поттикнале моќни промени. Преку оваа презентација учесниците беа инспирирани да размислуваат за лични и партнерски волонтерски акции за промени наместо да чекаат промени кои некој ќе им ги донесе преку ноќ како подарок кој не се случува.
– Синото буре. Раскажување на лична приказна ставена во функција на унапредување и поттикнување на еко навики, свест за лична одговорност, идеи за граѓански волонтеризам, стекнување активни ставови и однесувања кон екосистемот.
– Презентација и анализа на онлајн достапен предизвик креиран со цел да овозможи промоција на регионот, збогатување на понудата во сите сезони, да поттикне волонтерски еко акции и добра реторика за богатствата, културата и традицијата во Дојран.
Преку овие игри се пренесе порака од младите – иднината зависи од мене, од тебе и од нас сите здружени заедно. Иднината е сега, денес и тука, не се чека, ниту се чека некој да ни ја донесе поубава. Идната сме ние и ние сме тие кои со лични акции ја градиме од овој миг и понатаму, независно колку сме возрасни, дали сме бизнисмени, активисти на НВО или само граѓани кои го сакаат од срце овој регион.
Формите ги реализираа експертите на ГАУС Институтот – Битола, д-р Сузана Трајковска Кочанковска (форуми со возрасни) и Весела Богадновиќ (форуми со деца и млади).
Проектот План Дојран е финансиран од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички. Имплементиран е во рамките на ИПА Програмата за погранична соработка Грција – Република Северна Македонија 2014-2020.