Македонската PR агенција IDEA LAB се приклучи на PROI Worldwide
IDEA LAB од Скопје, Македонија, е избрана за партнерство во PROI Worldwide, водечки глобален конзорциум на претприемачки агенции за комуникации со партнери во 55 земји.
„Споделување на знаење и искуство со други сопственици на топ независни агенции е важна професионална и развојна иницијатива за IDEA LAB,“ изјави Димитар Атанасовски, Сопственик и Маркетинг Директор на агенцијата. „Навикнати сме да соработуваме со агенции на проекти низ Балканскиот регион и ориентирани сме кон вмрежување и проширување на нашиот опсег на поголемо ниво со помош на PROI Partners.“
Циро Диас Реис, Претседател на глобално ниво на PROI Worldwide и Директор на водечката бразилска агенција, Imagem Corporativa, изјави „Според нивната одлична соработка со други PROI агенции, навистина сме среќни да ги додадеме IDEA LAB во нашата група на водечки претприемачки комуникациски компании. Нивниот креативен пристап и став кон услугите за клиентите и развојот на бизнисот, совршено се вклопуваат во давање поддршка на нашите Партнери во регионот.“
„Секогаш се трудиме да ги збогатиме нашите кампањи со дополнителна вредност,“ изјави Ема Анчевска, Сопственик и Тим Директор на IDEA LAB. „Овој начин на размислување го демонстрира креативниот труд што секој од нашиот тим го покажува преку својата работа.“
IDEA LAB е основана во 2013 година и е во сопственост на двајца лидери на агенцијата, Димитар Атанасовски и Ема Анчевска. Имаат создадено силна репутација за креирање и поддршка на проекти и кампањи за PR, организација на настани, видео продукција и социјални медиуми, за клиенти со програми за потрошувачки производи, здравствена заштита и владини програми. ИДЕА ЛАБ е единствена PR и маркетинг агенција од Македонија која што е членка на оваа престижна организација.
PROI Worldwide опфаќа повеќе од 80 бизниси за односи со јавност и комуникации во 165 градови и 55 земји. Како што вели Реис, индивидуално, тие се докажани лидери во своите домашни пазари. Колективно, PROI партнерите претставуваат повеќе од 913 милиони американски долари во приходи и 6,900 вработени. Илјадници клиенти, вклучувајќи десетици од Fortune 500 компаниите, им веруваат на PROI партнерите во една или повеќе земји и региони низ светот.