Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Моќта на Роналдо: Ги помести шишињата Кока Кола и компанијата изгуби 4 милијарди долари

Актуелно

Моќта на Роналдо: Ги помести шишињата Кока Кола и компанијата изгуби 4 милијарди долари

Страшен пад на акциите на најпознатата компанија за газирани пијалоци.

Кристијано Роналдо беше во центарот на вниманието и пред да ги постигне двата погодоци против Унгарија, кои донесоа победа на неговата репрезентација. Поради еден потег на конференцијата за медиуми тој ги наполни насловите страни на бројни светски медиуми.

Всушност, пред да започне конференцијата тој ги поместил двете шишиња Кока Кола кои биле наместени пред него, и на нивното место ставил вода. Воедно им порачал на сите присутни да „пијат вода“, што им се чинело симпатично на сите, но не и на гигантот за газирани пијалоци.

Акциите на Кока Кола изгубиле дури 4 милијарди долари од вредноста за само неколку минути по тој потег, што сигурно им задал големи главоболки на сите во компанијата. За само половина час, вредноста на една акција на берзите во Европа од 56,10 долари паднала на 55,22. Падот од 1,6% значи дека вредноста на Кока Кола се намалила од 242 милијарди долари на 236 милијарди.

Меѓутоа, овој потег на Роналдо не би требало да ја зачуди јавноста, бидејќи тој има огромна аверзија кон газираните пијалоци, а исто така пред неколку месеци тој изјавил дека бил лут на својот син баш поради овој пијалок.

 

 

 

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.