Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

На Кристијан Ериксен ќе му биде вграден посебен уред за следење на срцето

Актуелно

На Кристијан Ериксен ќе му биде вграден посебен уред за следење на срцето

На Кристијан Ериксен ќе му биде вграден посебен уред за следење на срцето

Фудбалската федерација на Данска објави соопштение со важни вести за Кристијан  Ериксен.

На Ериксен ќе му биде вграден посебен уред ICD кој служи за контролирање на работата на срцето. Имплантибилниот дефибрилатор – исто така наречен имплантибилен кардиовертер дефибрилатор (ICD) – е хируршки имплантиран медицински уред кој го следи срцевиот ритам, односно тоа е мал електронски уред, еден вид на пејсмејкер кој ќе може да спречи застојување на срцето, односно ќе го реактивира во случај срцето повторно да запре.

-Откако Кристијан помина низ различни прегледи на срцето, одлучено е дека треба да има ICD (Имплантиран кардиовертер дефибрилатор). Овој уред е неопходен по срцев удар поради нарушувања на ритамот. Кристијан го прифати решението и планот е потврден од специјалисти на национално и меѓународно ниво кои сите препорачуваат ист третман, -истакна докторот на данската репрезентација, Мортен Боесен.

Како што пишува во официјалното соопштение на фудбалската федерација на Данска, оваа одлука заеднички ја донеле доктори и специјалисти заедно со Кристијан.

Денеска од 18 часот Данска ќе се соочи со Белгија во рамките на второто коло од групата Б. Се огласи и капитенот Симон Кјаер кој испрати порака до навивачите, дека и покрај сите настани тие се доволно мотивирани и ќе играат за Кристијан и за цела Данска.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.