Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Најавено 11. издание на Startup Weekend Skopje

Актуелно

Најавено 11. издание на Startup Weekend Skopje

Оваа година ќе се одржи 11. издание на Startup Weekend Skopje! По 2 години онлајн издание, оваа година настанот ќе се одржи во живо од 6ти до 8ми мај во Инофеит!

Startup Weekend Skopje e 54 часовен настан каде младите претприемачи имаат можност да ја презентират и разработат својата иновативна стартап идеја! Многу повеќе од настан – Startup Weekend Skopje преку претприемништвото и тимска работа, инспирира и ги мотивира младите да разработат нешто свое. На настанот младите имаат можност да ја презентираат својата стартап идеја, да формираат тим и со помош на менторската поддршка да го разработат концептот околу идејата!

Во периодот од 6-ти до 8-ми мај во просториите на Инофеит, младите претприемачи и креативци ќе добијат уникатна шанса да развиваат и тестираат своите стартап решенија.

Исто така, учесниците ќе имаат можност да ја споделат својата идеја со локалните и странски ментори, кои несебично ќе го споделат нивното искуство и ќе ги советуваат учесниците како да ја разработат својата идеја.

На крајот од настанот, решенијата кои ќе бидат оценувани од судии-експерти, ќе се стекнат со вредни награди, како и реална можност за реализирање на нивната идеја.

Теchstars Startup Weekend е интернационален настан поддржан од Google for Entrepreneurs. До сега се организирани повеќе од 3,000 настани во 150 земји, низ кои поминале над 400,000 млади претприемачи. Скопје е град домаќин на Techstars Startup Weekend по 11-ти пат.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.