Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

НАСА: Праисториското Преспанско Езеро загубило 7% од својата површина (ФОТО)

Актуелно

НАСА: Праисториското Преспанско Езеро загубило 7% од својата површина (ФОТО)

НАСА соопшти дека праисториското езеро кое се граничи со три држави, Северна Македонија, Грција и Албанија – Преспанско Езеро, е на патот кон исчезнување поради високите температури, загадувањето и неконтролираното пумпање на водата.

Истражувањето на кое се повикува НАСА покажа дека езерото изгубило седум отсто од својата површина и половина од својот волумен помеѓу 1984 и 2020 година.

Се смета дека Преспанското Езеро е дом на илјадници животински и растителни видови кои зависат од водата и околните живеалишта. Недостигот на врнежи доведе до постојано повлекување на водата, загрозувајќи ги видовите кои зависат од езерото и блиската вода. Чуварите на паркот велат дека водата се повлекува до три километри на места.

Ова е уште еден алармантен знак за загрозата на животната средина поради климатските промени и човечката активност.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.