Актуелно
Никола Јакимовски го фати светиот крст во Охрид – за церемонијата крстот се скрши на два дела (ФОТО)
Во рамките на традиционалното чествување на празникот Водици, Никола Јакимоски беше среќниот факач на светиот крст во Охрид. Тој беше даруван со златно ланче од МПЦ (Македонска православна црква), додека градоначалникот на градот, Кирил Пецаков, му подари рачно изработена икона.
– „Да ни е за многу години, здравје, љубов на сите, здравје како дрен и радост бидејќи со радост е се поубаво и повесело“, изјави Јакимоски, изразувајќи благослови и добри посакувања за сите.
Во текот на обредот, светиот крст се скрши, а едниот дел заврши кај друг од учеснците во церемонијата за Водици.