Њујорк слави победа над короната: Брус Спрингстин и други музички ѕвезди дел од концертот за 60.000 луѓе
Градоначалникот на Њујорк на својот Твитер профил објави дека музичката легенда Брус Спрингстин (71), заедно со Пол Симон (79) и Џенифер Хадсон (39), ќе настапат на концертот.
Концертот е закажан за 21 август во Централ Парк ,а точното време сè уште не е официјално потврдено.
Организаторот на концертот Клајв Дејвис по тој повод рече дека сака да собере осум „sвезди“ на тричасовен концерт, на кој се очекуваат околу 60.000 луѓе, со телевизиски пренос низ целиот свет.
Поголемиот број од билетите би требало да биде бесплатен.
https://twitter.com/NYCMayor/status/1410631798074269700