НОВИ ОЛЕСНУВАЊА ВО ГРЦИЈА: Во ресторан без маска ако сте целосно вакцинирани против КОВИД-19
Нови олеснувања на мерките во Грција – сите вакцинирани лица кои ги примиле двете дози од одобрените вакцини против Ковид-19 ќе можат да седат во рестораните без маска.
Целта за ваквата мерка, е како што велат властите на нашиот јужен сосед, да се олесни процесот на вакцинација. Да се донесат што е можно повеќе луѓе во центрите за вакцинација.
Луѓето кои не се целосно вакцинирани, сепак можат да влезат во ресторани, театри и кина, но ќе мора да покажат негативен брз тест, соопштија властите.
Грчката влада претходно објави дека ќе им понуди на младите парична картичка во износ од 150 евра доколку бидат вакцинирани.
Грција неодамна ги намали ограничувањата за намалување на бројот на лица заразени со ковид-19, но загриженоста од можноста за зараза со „делта“ сојот се зголеми во последните неколку дена.