Актуелно
Одржан првиот Фестивал на југоисточен регион во Богданци
Овој викенд во Богданци се одржа првиот Фестивал на југоисточен регион: производители од регионот, но и од подалеку, најбројни од редовите на Слоу Фуд Македонија, го промовираа најдоброто, највкусното и најтрадиционалното од нашата татковина.
Многубројните посетители кои го преплавија Градскиот парк во сончево Богданци, имаа можност да пробаат слатко од диви и домашни смокви, од сливи и капини, производи од тартуфи, домашна ракијa. Се дружеа со локалните производители, ги слушнаа нивните приказни, се размени и понекој рецепт.
За убавото расположение беа задолжени ученици од ООУ „Петар Мусев“, студио за танци Свит Денс, трио Форте, ЗКУД „Бранд Петрушев“, пејачка пензионерска група и многу други.
Фестивал на југоисточен регион го подржаа Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Слоу фуд Македонија и Општина Богданци.