Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Одржана завршната конференција за проектот „Балансирано образование за сите, преку физички активности, креативни предизвици и помош во заедницата“

Актуелно

Одржана завршната конференција за проектот „Балансирано образование за сите, преку физички активности, креативни предизвици и помош во заедницата“

На 23 септември се оддржа завршна Конференција за проектот „Балансирано образование за сите, преку физички активности, креативни предизвици и помош во заедницата, за време на пандемија и пост-пандемија“ реализиран од Здружението за индивидуален, организациски и општествен развој, РАСТ И РАЗВОЈ Скопје, во рамки на програмата за партиципација на УНЕСКО 2022-2023, преку Министерството за култура и Националната Комисија за УНЕСКО.

Целта на овој проект е да се промовира холистички пристап кон растот и развојот на учениците, со нивно мотивирање да ја прошират и збогатат својата дневна рутина преку насочено и менторирано вклучување во реализација на предизвици од три широки категории:

  • физичка активност и спорт, што ќе придонесе за развој на нивниот здрав животен стил
  • креативни активности, што ќе го развие нивниот креативен потенцијал
  • помош кон заедницата, што ќе ги поттикне на оригинален начин да се вклучат во активностите за поддршка во нивните заедици.

На Конференцијата учествуваа директори, наставници и ученици од осум основни училишта во земјата: ООУ „Ѓорѓија Пулевски“- Аеродром, Скопје; ООУ „Браќа Рамиз – Хамид“ – Шуто Оризари, Скопје; ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово; ООУ „Александар Турунџев“ – с. Кукуречани, Битола; ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, Охрид; ООУ „Пенестиа“ – Дебар; ООУ „Гоце Делчев“ – Неготино; ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово; како и гости – предавачи за секоја од областите.

Со проектот беа опфатени вкупно 1850 ученици од седмо до деветто одделение, кои реализираа дури 56 предизвици. Училиштата добија пакети со нагледни и дидактички средства за поефикасно реализирање на наставата за одделни предмети.

На настанот беа промовирани и презентирани реализираните предизвици од страна на училиштата и беа доделени сертификати.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.