ПОВТОРНО ПОЧНА ДА ЧУКА: Четврта успешна трансплантација на срце во Македонија
Рано утрово срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука.
– „Следните денови се критични да се надеваме дека телото ќе го прифати новиот орган.“ – напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил.
Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест добива шанса за нов живот, се додава во објавата.
Инаку, во изминатите 24 часа околу 100-тина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот ситем.
Повеќе детали за трансплантацијата се најавуваат во текот на денот.