Прв успех за Христо Ковачи во Италија – од 21 натпреварувач трката ја заврши 7-ми
На првата трка за оваа сезона 2021 година, во Јесоло Италија, на квалификациите од 21 натпреварувач во класата „микромакс” Христо Ковачи обезбеди 8-ма позиција за старт. Во формирачкиот круг поради контакт со друг натпреварувач излета од патеката со што стартуваше последен.
– Првата трка од 21-ви успеа да ја заврши на 12-та позиција и од истата стартуваше во втората трка. Втората трка напредуваше со уште две позиции – заврши на 10-та позиција. Третата трка од старт на десетта позиција успеа да заврши на 5та позиција, меѓутоа поради казна од три секунди официјално е седми во таа трка, појаснуваат од неговиот тим.
Тимот АСК Рацинг кои го прателе и 2020 година забележале подобрување на неговите возачки способности и покрај големата пауза од тренинзи, ова се должело на неговата огромна желба и потенцијал за напредување и остварување на успеси во овој спорт.
– Веруваме дека оваа година ќе имаме можност и да тренираме на стазите на кои ќе учествуваме за разлика до сега каде учеството беше директно на трка. Целта е да има повеќе тренинзи за постигнување на подобри резултати а со тоа и освојување на повеќе подиуми. Оваа година Христо Ковачи треба да земе учество во вкупно 11 трки и ќе се бори во четири шампионати: Централно Европска Зона, РМЦ Австрија, ССЦ Спорт Стил Купот и Српскиот Шампионат, покрај овие четири шампионати доколку се организира и Македонскиот Шампионат оваа година секако ќе учествуваме. Имено би сакале официјално да искажеме голема благодарност за безрезервната поддршка и доверба во Христо од страна на МАМА’С, додаваат од тимот.
Оваа сезона за 2021 година првата трка ја реализираа во Јесоло, Италија, сега следуваат две трки во Белград, Србија и две трки во Птуј, Словенија; како и по една трка во Вранско, Словенија, Рехниц, Австрија, Брук, Австрија, Кечкемет, Унгарија и Нови Мароф, Хрватска.