Актуелно
Се истражува можно воспаление на срцевиот мускул кај млади луѓе по примањето на вакцините на Фајзер
Воспаление на срцевиот мускул по втората доза на mRNA вакцината против ковид-19 од Pfizer / BioNTech и Moderna, покажале податоците од два система што ја следат безбедноста на вакцините, особено кај млади мажи од 18-30 години.
Агенцијата соопшти дека сè уште го испитува можниот ризик и дека сè уште не дошла до конечен заклучок за причинско-последичната врска помеѓу вакцината и миокардитис и перикардитис.
Повеќе од половина од случаите на миокардитис и перикардитис во системот за следење на несакани ефекти во САД, се појавиле откако пациентите примиле втора доза на Pfizer / BioNTech или Moderna, а се случиле кај лица на возраст меѓу 12 и 24 години, велат од CDC.
Израелското Министерство за здравство претходно соопшти дека открила можна врска помеѓу вакцината и мал број случаи на миокардитис кај помлади мажи кои примиле вакцина Фајзер.
CDC соопшти дека следната недела ќе одржи состанок на Советодавниот одбор за имунизација за понатамошно анализирање на доказите и проценка на ризикот од миокардитис по вакцинирањето со вакцини за ковид-19 на принципот mRNA.
Фајзер изјави дека ја поддржува анализата на CDC, но исто така нагласи дека бројот е многу мал со оглед на тоа колку дози на вакцина се искористени. Околу 130 милиони луѓе во САД ги примија двете дози на една од вакцините на mRNA.
Модерна најави дека не воспоставила врска помеѓу таа срцева состојба и вакцината, но дека активно работи со претставници на јавното здравство и регулаторите за понатамошно анализирање на проблемот.