Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Секоја година во Македонија околу 500 лица се дијагностицирани со некој вид на леукемија, лимфом или миелом

Актуелно

Секоја година во Македонија околу 500 лица се дијагностицирани со некој вид на леукемија, лимфом или миелом

Септември е светски месец за подигнување на свеста за хематолошки малигни заболувања (леукемии, лимфоми и миеломи).

Пандемијата со КОВИД-19 и стравот од вирусот предизвика се помал број на лица да се јавуваат на редовни прегледи и со тоа болеста да се дијагностицира во касна фаза,кога можноста за излекување е намалена и може да доведе до смртен исход.

Бројот на новодијагностицирани пациенти со леукемии,лимфоми и миеломи во 2020 година е намален за половина, за разлика од 2019 година,што е прилично невообичаено.

Оваа година го одбележуваме Септември со апел до граѓаните за редовни прегледи кои можат да Ви го спасат животот!

Дополнително, лицата со хематолошки малигни заболувања се во имунокомпромитирачка состојба, и при вакцинација против КОВИД-19 не секогаш ја добиваат истата заштита како здравата популација. Вакцинацијата на целата популација и другите заштитни мерки (носење заштитна маска и држење дистанаца), се најдобриот начин за заштита на овие лица.

Оваа година во кампањата ни се придружија голем број на естрадни уметници со кои снимивме повеќе кратки видеа со апели до граѓаните за редовни прегледи.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.