Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Што е важно да знаеме за антителата на Covid-19?

Актуелно

Што е важно да знаеме за антителата на Covid-19?

Што е важно да знаеме за антителата на Covid-19?

Кога некој поседува антитела против вирусот SARS-CoV-2 што го предизвикува заболувањето Covid-19 што тоа значи? Зошто е важно да се знае дали имаме антитела ако претходно сме имале Covid-19 или се сомневавме дека сме имале некои симптоми, а при тоа не сме се тестирале?

Антителата се клучен дел од нашата имунолошка одбрана. Тие се создаваат во бели крвни клетки за да се идентификува и неутрализира причинителот кој е непознат за имунолошкиот систем. Антителата се протеини кои се јавуваат како имунолошки одговор кај заразени пациенти или оние кои биле во контакт со вирусот SARS-CoV-2.

Со одредување на антитела од класите на ИгГ, ИгМ и ИгА може да се докаже мината инфекција или инфекција во тек со SARS-CoV-2. Инфекцијата може да помине и без симптоми или со многу благи симптоми, кои се сметаат за незначајни. Антителата се докажуваат во крвта од пациентот. Постои квалитативно и квантитативно одредување на ИгГ, ИгМ и ИгА антитела.

Доколку ИгМ и ИгА антитела се негативни и ИгГ негативни, тоа значи дека нема тековна инфекција или е во таканаречена „фаза на инкубација“. Во ваков случај антителата би требало да се повторат по најмалку 7 дена после првото тестирање. Позитивни ИгМ и ИгГ антитела укажуваат на можна инфекција која е во моментов и не мора да значи дека настанала неодамна. Ако имаме позитивни ИгМ и ИгА, а ИгГ негативни можна е инфекција во тек или можен контакт со вирусот. Позитивни  ИгГ  антитела а негативни ИгМ ни укажува на можна имунизација против заболување Covid-19. Со целото сегашно знаење за вирусот, повторна инфекција не може да се исклучи.

За детекција на антителата, според Синлаб лабораторија која врши безбедно и точно испитување на нивото на антитела присутни во крвта, најважно е да се запази периодот од 1 до 4 седмици од инфекцијата т.е. од контактот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.