Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Совети од РСБСП за безбедно лето

Актуелно

Совети од РСБСП за безбедно лето

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во рамки на летната кампања „За безбедно лето 2022“, до возачите упатува апел за безбедно учество во сообраќајот и советува:

• почитувајте ги правилата и прописите во сообраќајот,
• возете со пропишаната брзина и не престигнувајте непрописно други учесници во сообраќајот,
• правете почести паузи,
• за време на паузите излезете од возилото, раздвижете се, напијте се кафе, вода или безалкохолни пијалоци,
• ако се чувствувате уморни застанете и ако имате потреба од поголем одмор без разлика кое време од денот е – отспијте одреден временски период за да можете потоа безбедно да го продолжите патувањето,
• бидете информирани за временската прогноза,
• бидете особено внимателни кога температурите се над 30о С,
• погрижете се разликата во температурите во моторното возило и во надворешни услови да не биде поголема од 7 степени за да нема несакани последици по здравјето при излегувањето од моторното возило,
• доколку ви сметаат сончевите зраци кои често ги изморуваат очите, користете очила за сонце,
• бидете особено внимателни доколку возите за време на викенд кога е зголемена густината на сообраќајот, како и кога возите ноќе кога е намалена видливоста на патиштата,
• препорачуваме мобилниот телефон да се користи за време на паузите, а не додека го управувате моторното возило,• користете сигурносен појас,
• ако патувате на подолги релации и преминувате граничните премини, без оглед на тоа колку време сте чекале, не ја зголемувајте брзината над препорачаната, возете одморени и прават соодветни паузи со це да стигнете безбедно на посакуваната дестинација.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.