Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Стоп за семејното насилство. Жртвите не се виновни!“: Кампања за борба против семејното насилство

Актуелно

„Стоп за семејното насилство. Жртвите не се виновни!“: Кампања за борба против семејното насилство

На иницијатива на г-ѓа Билјана Ангелова, сопруга на Амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, како дел од кампањата “Стоп за семејното насилство. Жртвите не се виновни!“, утре (12.12.2023) во точно 12 часот, на Градскиот плоштад во Скопје и на плоштадите и јавните места низ градовите ширум земјата, трета година по ред ќе се одржи едноминутен настан со кој ќе се означи поддршката на жртвите на семејното насилство.

Со иницијативата, г-ѓа Ангелова потсетува дека семејното насилство е комплексен проблем кој може да се манифестира во различен облик и кон различни лица, вклучувајќи го и насилството кон децата. Овој глобален проблем од сферата на човековите права и јавното здравје циклично и континуирано се повторува, односно речиси е невозможно да се превенира една форма на насилство, како насилство врз децата и нивно запоставување, каде што постои друга, како насилство врз интимниот партнер.

„Насилството не е само дома. Насилството демне секаде околу нас. Сведоци сме на страшни, грозоморни случувања каде жртви се токму децата. Затоа, оваа година, одлучив акцентот на кампањата да биде ставен на насилството врз децата како директни, но и како индиректни жртви. Детето кое расте во средина полна со насилство учи дека тоа е нормалниот начин на функционирање – со примена на насилство, или пак, со толеранција на насилство. Насилството е циклус кој се пренесува од една на друга генерација, креирајќи трауматски искуства за инволвираните. Само со свесност за проблемот, соочување и активно работење кон превенција може да се избориме со овој непријател. Ве повикувам сите вас, да ги отвориме очите кон нашите постапки и како со нив им влијаеме на децата. Приклучете ни се заедно да кажеме СТОП за семејното насилство.“, изјави г-ѓа Билјана Ангелова.

Собирот кој е планирано да се одржи утре (12.12.2023 година) во 12:00 часот е од отворен карактер, а сите заинтересирани лица може да се приклучат и да дадат тивка поддршка на жртвите на семејното насилство преку демонстрација на симболот кој означува барање помош. Оние кои сакаат да изразат поддршка на кампањата, а не се во можност да присуствуваат, истото може да го направат со споделување на фотографија, со симболот или со порака напишана на дланката, со ознака на официјалната Фејсбук страница и со користење на еден од официјалните хаштагови.

Фејсбук: https://www.facebook.com/profile.php?id=61553101246836
Фејсбук група: https://www.facebook.com/groups/430281128660836/
Инстаграм: https://www.instagram.com/_stop.domestic.violence_/

Официјални Хаштагови на кампањата:
[МКД]: #СТОПзаСемејнотоНасилство #ЖртвитеНЕсеВиновни

[АЛБ]: #STOPDhunësnëFamilje #ViktimatNUKkanëFaj

[БГ]: #СТОПнаДомашнотоНасилие #ЖертвитеНЕсаВиновни

[АНГ]: #STOPDomesticViolence #VictimsAreNOTtoBlame

 

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.