Тимот е подготвен и мотивиран – вечерва четврта трансплантација на срце во Македонија од починат донор
Неколку дена од последната успешна трансплантација на срце – вечерва во Скопје на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се подготвува и четвртата операција од ваков тип.
Министерот Венко Филипче на својот фејсук профил објави дека тимот е подготвен и мотивиран.
Како што јавува интернет порталот А1он, донорот на органите е 44 годишна жена од Скопје, мајка на две деца, која починала како последица на мозочен удар.
Инаку, во нашата земја се направени вкупно четири трансплантации на срце од донори, од кои три само оваа година. Првата беше направена на 23 мај минатата година, втората се случи на 17 април, третата пред 11 дена, а четвртата е вечерва. Сите три досега се успешни, со надеж дека и вечерва ќе биде така.