Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ТРЧАЊЕТО ЌЕ ТЕ ПРОМЕНИ: Започнува пријавувањето за 19то издание на Виз Ер Скопски маратон

Актуелно

ТРЧАЊЕТО ЌЕ ТЕ ПРОМЕНИ: Започнува пријавувањето за 19то издание на Виз Ер Скопски маратон

Најпознатата и најголема атлетска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, кој ќе се одржи на 01 октомври (недела) го отвори пријавувањето за своето 19то издание. Маратонот е сертифициран од страна на АИМС и Светска Атлетика.

Маратонската трка е дел квалификациските трки за Светското првенство во старосни категории под капата на ABBOTT WORLD MARATHON MAJORS, со што можат да се освојуваат поени за рангирање во соодветните возрасни категории, а најдобрите во светот можат да обезбедат учество на светското првенство во возрасни категории кое ќе се оддржи во Чикаго оваа година.

Учесниците ќе можат да се пријават на маратонот, полумаратонот, штафетната маратон трка- ЕУ со тебе и 5км трка, кои со години се дел од оваа спортска манифестација. Повеќе информации на официјалната страна на Виз Ер Скопски маратон.

Рокот за пријавување е поделен во три бранови: првиот рок за пријавување на маратон, полумаратон и штафетниот маратон е до 15 мај, вториот рок трае до 25 јули за пријави на маратон, полумаратон, штафетниот маратон и трката на 5км, додека третиот и финален рок е 20 септември. Учесниците на маратонот и полумаратонот при регистрирањето ќе треба да одберат таргет време за кое планираат да ја завршат трката, со цел да се распоредат во соодветниот стартен бокс.

За сите пријавени до 30 август, во стратниот пакет влегува и маица со логото од трката. Сите натпреварувачи кои ќе се пријават после овој датум нема да добијат маица.

Организатор на Виз Ер Скопски маратон е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со АК Работнички, додека покровители на трката се Град Скопје, Делегација на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт.

Секој учесник на Виз Ер Скопски маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Ваучерите ќе се испраќаат после 10 октомври на емаил адресите кои ќе се остават при процесот на пријавување.

За подетални информации во врска со трката може да се најде на официјалната веб страна на трката,  како и нивните официјални страни на социјални медиуми Фејсбук и Инстаграм.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.