ТРЕТ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Благ пад на производството на пластика поради пандемијата
Годишното производство на пластика опадна за 0,3 проценти во 2020 година, поради светската здравствена криза, објави Европската асоцијација на производители на пластика (PlasticsEurope).
Според нив, ова е третпат од почетокот на индустриската ера.
Во Европа, каде минатата година 55 милиони тони пластика излегоа од фабриките, има пад од 5,1%, а малку е поизразен во Франција, каде производството се намали за 11 проценти во 2020 година, соопшти здружението.
Автомобилската индустрија, која беше принудена да го прекине производството поради пандемијата, е најпогодениот индустриски сектор и бележи најголем пад на потрошувачката на пластика, од 18,% во Европа.
„Со произведени 367 милиони тони пластика во 2020 година во споредба со 368 милиони произведени во 2019 година, ова е трет глобален пад од повоениот период, по оној од 1973 година, во времето на првиот нафтен шок и падот на производството во 2008 година за време на глобалната финансиска криза “, изјави извршниот директор на PlasticsEurope, Ерик Квенет, за AFP.