Турција најави донација на 30.000 вакцини од „Синовак“ за Македонија
Турција ќе донира на Македонија 30.000 вакцини од производителот „Синовак“, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, вечерва.
– Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган нѝ соопшти дека нѝ донираат 30.000 вакцини од производителот Синовак. Овој гест на солидарност е уште еден показател за искреното пријателство и соработка меѓу двете земји. Голема благодарност до турскиот народ и претседателот Ердоган -напиша министерот за здравство Венко Филипче, кој вечерва заедно со премиерот Зоран Заев присуствуваа на работна вечера во Турција.