УЕФА контра Грција – останува ФФМ и ознаката MKD за македонската фудбалска репрезентација
УЕФА и официјално го одби приговорот на Грција за логото на Фудбалската федерција на Македонија (ФФМ) кое стои на дресовите на македонските репрезентативци на актуелното Европското првенство во фудбал – ЕУРО 2020.
Непосредно пред првиот натпревар во Букурешт, грчкиот министер за спрт Авгенакис го изрази приговорот на Атина кон амблемот ФФМ на дресот на репрезентацијата, велејќи дека договорот за името потпишан со Грција во 2018 година не утврдува јасно правила за употреба на кратенки.
На тоа македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи изјави дека сè додека не прима државни пари, ФФМ нема обврска да се прилагоди според Договорот од Преспа.
Но, тоа не беше крајот на жалбите на Грците, кои потоа испратија официјален допис и за кратенката МКД, но од УЕФА дојде реакција дека во службената комуникација се користи терминот „Фудбалска федерација на Северна Македонија“.
Се повикуваат на ставката од Договорот според кој на регистарските таблички стои кодот NMK, но за секоја друга потреба остануваат МК и МКД/MKD и на тој начин се отфрла реакцијата на Грција како неоснована.
Во писмото на УЕФА се вели дека се следи примерот на другите спортски институции, се користи кодот МКД од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО) и дека е во согласност со член 1, параграф 3 од Преспанскиот договор.