УЕФА НАПРАВИ КОРЕКЦИЈА: Корегиран е терминот „Северномакедонец“
УЕФА, сепак според правилата и Преспанскиот договор, го отстрани терминот „Северномакедонец“ и го замени со „Македонец“.
Имено, оваа измена за националност е направена за претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски, по претставката од Министерството за надворешни работи.
Од МНР вчера соопштија дека водат сметка за точната употреба на името на државата, државјанството и етничката припадност на граѓаните на Македонија.