Укинување на полицискиот час и работа на клубовите, предлага Комисијата за заразни болести
Министерството за здравство информира дека утрово на Комисијата за заразни болести се донесоа следните одлуки кои ќе бидат предложени до Кризниот штаб.
Од среда, 16 јуни, да се укине целосно полицискиот час, да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.
Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова.