Актуелно
Концертот на Марија Шерифовиќ презакажан за 10 ноември поради несреќата во Нови Сад
Српската музичка ѕвезда Марија Шерифовиќ утре (2 ноември) требаше да одржи голем концерт во Скопје во арената „Борис Трајковски“ во рамки на нејзината концертна турнеја „Долази љубав“. Концертот се одложува поради страшната трагедија која се случи во Нови Сад во која загинаа 14 лица и има повредени. Утре во Србија е прогласен Ден на жалост.
Марија и организаторот Прагма продукција ја објавија одлуката на социјалните мрежи.
– Поради големата трагедија која денеска го снајде мојот Нови Сад, решив да го одложам датумот на одржување на утрешниот концерт во Скопје. Мојата душа и моите молитви се со семејствата на жртвите и сите кои беа повредени во оваа страшна трагедија. Ги замолувам моите фанови и сите оние кои планираа утре да дојдат во Скопје за разбирање и сочувство. Новиот датум на концертот е 10 ноември. Моето срце е со сите вас, а денес најмногу за Нови Сад, напиша Марија во својата објава.