Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Вивијан Рединг: Правилата што исклучуваат 5G провајдери може да бидат оспорени

Актуелно

Вивијан Рединг: Правилата што исклучуваат 5G провајдери може да бидат оспорени

Вивијан Рединг, потпретседател на Европската комисија во периодот 2010-2014 година, одговорна за правда, основни и граѓански права, во интервју за полски „Впрост“ вели дека Европа мора сама да се бори за својот дигитален суверенитет.

Таа додава дека основата на функционирањето на ЕУ е слободно движење на стоки и интелектуална сопственост. Ова е важно со оглед на извештаите што се појавуваат за исклучување на кинеските добавувачи од поставување на 5G мрежа. Рединг посочува дека спроведувањето на таквото законодавство на национално ниво може да биде доведено во прашање од Брисел.

Кои се последиците од економскиот и технолошкиот конфликт меѓу САД и Кина?

Вивијан Рединг: Во свет кој функционира совршено, разликите се решаваат со преговори. Претседателот Трамп одлучи да го прекине мултилатерализмот и да ја примени тактиката на Студената војна. Економската војна е наменетада ѝ наштети на Кина пред сѐ. САД исто така ќе претрпи штета, бидејќи и двете економии се тесно поврзани, главно во однос на производството, но и услугите. Искуството ни кажува дека еднострани политички или економски напади често имаат спротивен ефект…

Какво е влијанието на овој конфликт врз земјите од Европската Унија?

Европа е зависна од двата континента – Азија и Америка – на ист начин како што тие се зависни од Европа. Неодамнешните конфликти покажаа дека Европа повеќе не може да се потпира на историскиот ‘безбедносен штит’обезбеден од страна на САД. Првата последица од овој конфликт може да биде, долгорочно, градење на европски одбранбен капацитет. „Економската војна“ исто така покажа дека сме премногу зависни од неевропските снабдувачи на стоки и услуги. Поради оваа причина, ЕУ започна да развива свои дигитални вештини. Друг ефект од конфликтот Пекинг-Вашингтон е следењето на странските директни инвестиции.

Што мислите за клаузулите во регулативата што треба да ги елиминираат и дискриминираат кинеските добавувачи?

Таквата клаузула, доколку е заведена во националното законодавство, може да се коси со неколку правила на ЕУ. „Дискриминација“ и „пристрасност“ се неприфатливи во Европа. „Слободното движење на стоки“ и „сопственоста“ се од суштинско значење. Упатствата за 5G на ЕУ утврдуваат јасни и пропорционални мерки за земјите-членки за заштита од нарушувања на безбедноста. Сè што е спротивно на овие принципи може да биде оспорено.

Кои можат да бидат последиците од ваквите активности во областа на сајбер безбедноста?

Проблемите со сајбер безбедноста се природна последица на сè повеќе дигитализираниот свет. Затоа, мерките неопходни за нивно избегнување (во економијата, здравството, финансиите, политиката, безбедноста) мора да бидат преземени од јавниот сектор, но и од приватни компании.

Кои области на економијата ќе изгубат од ова? Само телекомуникациски оператори?

Европа би можела да биде пионер во областа на 5G, давајќи на тој начин силен поттик за неколку економски промени (вреди да се споменат само неколку од нив: во здравството, образованието, мобилноста, транспортот, производството, а исто така и во земјоделството). Забавувањето на развојот на инфраструктурата ќе има последици и за општеството и за економијата. Ова ги надминува интересите на телекомуникациските компании!

Што вели Европската унија за ова исклучување? Што е со меѓународните договори?

ЕУ јасно ја кажа својата позиција во однос на 5G алатките во неодамна презентираниот план за борба со пандемијата. Брисел јасно укажува на потребата да се стимулираат иновациите за дигиталната, но и „зелена“ иднина на Стариот континент. Европа сфати дека мора да ги дефинира своите приоритети и да донесе правилни одлуки. Дигиталниот суверенитет значи намалување на зависноста на Европа од Кина, но и од САД.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.