Во Грција се укинуваат маските на отворено, од понеделник нема ни полициски час
Грција ги укинува маските на отворено, соопштија денеска грчките власти. Јужниот сосед, пак, препорачува маските да се носат на отворено, но само на локации каде не може да се одржи дистанца, додека во затворен простор маските се уште се задолжителни.
Полицискиот час, пак, се укинува од понеделник, а во угостителски објекти на една маса ќе биде дозволено да седат до десет лица.
– „Подобрена е епидемиолошката слика во земјата“, изјави членката на Комитетот за инфективни болести и владин советник, Вана Папаевангелу, додавајќи дека изгледите се добри.