Актуелно
Во полн ек е најголемата кампања за патувања низ Македонија
Традиционално, веќе 7 години по ред се организира најголемата кампања за промовирање на домашниот туризам – Дестинација Македонија. Зад кампањата стои младиот и креативен тим на Grouper – лидерот за е-трговија во Македонија, овој пат поддржани и од Швајцарската агенција за развој и соработка.
Повеќе од сигурно е дека најдобриот начин да ги откриеш, доживееш и искусиш сите убавини на татковината е доколку патуваш. Конечно, по повеќе од цела година со рестрикции поради глобалната пандемија, состојбата се враќа во нормала. Токму затоа, во вистински момет започнува кампањата Дестинација Македонија. Кампања во која на едно место ќе најдете сместувачки капацитети од сите делови на земјава, можност да вкусите традиционални специјалитети и доживеете незаборавни адреналински авантури и прошетки низ убавините на Македонија, а сето тоа по промотивни цени.
„Секоја година ги припремаме нашите традиционални тематски кампањи, но морам да признаам дека Дестинација Македонија е наша омилена – особено сега, кога знаеме дека на домашниот туризам и угостителски сектор му е потребна огромна поддршка.“ – вели Драгана Ѓокиќ, директор за продажба во Grouper и додава: „Кампањата ја започнуваме со понуда од преку 80 сместувачки капацитети и угостителски објекти како и услуги од активен туризам, а за потребите на истата создадовме посебен дел на нашата платформа (клик тука) каде секој може лесно да ја одбере својата следна дестинација“.
Годинава, во поддршка на кампањата се вклучи и Швајцарската агенција за развој и соработка преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, со што се вклучуваат и доста нови сместувачки капацитети (вили, апартмани) и провајдери на услуги за активен туризам кои навистина вреди да се посетат.
Кампањата веќе започна и ќе трае до крајот на септември, а сите понуди за патувања, авантури и храна можете да ги разгледате на следниот линк.