Wizz Air објави 100,000 билети од и до Милано за 9,99 евра
Wizz Air, водечката ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, и најзелената авиокомпанија во Европа, објави цена од 9.99 евра за 100,000 билети од и до Милано. Промоцијата важи за сите патници (до 23:59), за било кој датум. Картите можат да се резервираат на wizzair.com или на мобилната апликација на WIZZ.
Wizz Air им препорачува на своите патници при нивната резервација да ја додадат услугата WIZZ Flex за дополнителна заштита. Со оваа услуга, патниците можат да го откажат летот до 3 саати пред полетување без дополнителни плаќања а 100% од целата сума ќе им биде вратена во кредити, а можат и да ги менуваат датумот и дестинацијата во неограничен број.
Авиокомпанијата неодамна објави низа засилени мерки за хигиена, за да се обезбеди здравје и безбедност на своите патници и членови на екипажот. Како дел од овие нови протоколи, за време на летот, и патниците и екипажот треба да носат маски на лицето, а екипажот треба да носи и ракавици. Авионите на Wizz Air редовно се поминуваат со специјален анти-вирусен раствор, а следејќи го дневниот распоред на Wizz за чистење, сите авиони на авиокомпанијата дополнително се дезинфицираат и преку ноќ со истиот анти-вирусен раствор. Секој патник при влегување во авионот ќе добие санитарни марамчиња, магазините од авионот се отстранети, а сите продажби за време на летот е препорачано да се вршат со бесконтакнто плаќање. Патниците треба да ги следат мерките за физичко дистанцирање претставени од локалните здравствени власти и се охрабруваат да ги купуваат сите услуги пред летот преку интернет (на пр. Чекиран багаж, Wizz priority, брза безбедносна патека), за да го минимизираат можниот физички контакт на аеродромот.