Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Wizz Air повторно отвори 7 рути од Северна Македонија до 4 држави низ Европа

Актуелно

Wizz Air повторно отвори 7 рути од Северна Македонија до 4 држави низ Европа

Wizz Air повторно отвори 7 рути од Северна Македонија до 4 држави низ Европа

Wizz Air, најбрзо растечката авиокомпанија во Европа, денес објави дека постепено се отвораат 7 линии до 4 дестинации, од двата македонски аеродрома. Првиот од обновените летови беше на 23 мај. Wizz Air нуди широк спектар на ниско-буџетни линии до најатрактивните земји и градови низ Европа, вклучувајќи ги Франција и Германија, како најрелевантни дестинации. Билетите се достапни на Интернет на wizzair.com или преку мобилната апликација.

Како резултат на олеснетите ограничувањата поради Ковид-19, низ цела Европа, Wizz Air оди напред, најавувајќи повторно отворање на линиите што ќе ги однесе патниците до повеќе европски дестинации. Почнувајќи од крајот на мај, секој може да резервира карта и да ужива во долгоочекуваниот одмор или посета на семејството и пријателите ширум континентот, во текот на летото, на уште повеќе WIZZ дестинации.

Земји во кој Wizz Air повторно ги отвора летовите се Франција, Германија, Австрија и Шведска. Уште еднаш, Wizz Air ја докажува својата заложба и повторно ги поврзува Северна Македонија со Париз Бове, Базел-Мулхаус-Фрајбург, Фридрихшафен, Дортмунд, Виена, Карлсруе / Баден-Баден и Малме.

Понатаму, за да се осигури дека патниците и екипажот патуваат безбедно и безгрижно, Wizz Air продолжува со своите безбедносни протоколи во авионот и ефективниот систем за вентилација. Системот за вентилација со кој е опремен авионот е дизајниран за целосно менување на воздухот во кабината 20 пати на час, така што чистиот воздух постојано циркулира.

За максимална флексибилност, кога станува збор за резервации, Wizz Air им препорачува на патниците да ја користат услугата WIZZ Flex. Со оваа услуга патниците имаат дополнителна заштита. Користејќи ја оваа услуга патниците можат да изберат да патуваат на различен датум или на друга дестинација, како и да имаат можност да го откажат летот до 3 часа пред лет без никаков надомест и да добијат 100% поврат на средствата како Wizz кредити.

Andras Rado, менаџер за корпоративни комуникации во Wizz Air, изјави: „Среќни сме што повторно се отвораат 7 рути од Северна Македонија, нудејќи повеќе дестинации, за различни потреби на патниците, било да се тоа деловни или за рекреативни патувања. Со бројните услуги што повторно се отвораат низ цела Европа, Wizz Air ја докажува својата посветеност, на македонските патници да им понуди безбедно и незаборавно патување низ цела Европа и пошироко, со нашата модерна флота и во друштво на нашиот високо квалификуван екипаж “.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.