Wizz Air започнува интегрирана платформа за мобилност сo Wizz Ride
WIZZ AIR, најбрзо растечката и најзелена авиокомпанија во Европа*, ја лансираше WIZZ RIDE, нова платформа за резервации за такси и приватни трансфери, интегрирана во постоечката апликација за мобилни телефони, во партнерство со водечкиот B2B провајдер за изнајмување автомобили и решенија за мобилност , CarTrawler. Платформата им нуди на корисниците најширок спектар на опции за патување.
Користејќи го првиот комплет за развој на софтвер за подвижност на CarTrawler во индустријата, WIZZ RIDE им овозможува на своите корисници да создадат непречено патување, без оглед дали патувањето е на барање или однапред резервирано. Поврзувајќи ги опциите за превоз заедно, WIZZ RIDE ги поедноставува патувањата, бидејќи обезбедува едношалтерски систем за потребите на патниците, од моментот кога ќе го напуштат домот, до пристигнувањето на нивната дестинација од соништата.
George Michalopoulos, главен комерцијален директор на WIZZ AIR, изјави: ,,Бидејќи се трудиме да обезбедиме патувања без стрес кај нашите патници, секогаш сме во потрага да воведеме нови услуги кои нудат одлично искуство на патниците во сите фази од патувањето. Услугата WIZZ RIDE обезбедува практични услуги за мобилност и за претходно направена резервација и за резервација на лице место, што им овозможува на нашите клиенти да заштедат време и пари. Едноставна услуга, воведена во соработка со CarTrawler, сега е достапна со притискање на копче преку мобилната апликација на WIZZ AIR. Горди сме што сме првата авиокомпанија во светот што воведе ваква иновативна услуга, поврзана со нашите ултра-ниски цени, го прави патувањето полесно од кога било”.
Aileen McCormack, главен комерцијален директор во CarTrawler, изјави: „Среќна сум што ја лансирав WIZZ RIDE платформата за мобилност за првпат во светот, што ќе го трансформира искуството за резервации за своите клиенти и ќе направи револуција во начинот на користење на помошните производи од авиокомпаниите.”
,,WIZZ AIR е вредносно-ориентирана авиокомпанија насочена кон иновации во текот на патувањето на клиентите. Нејзината стратегија за мобилност на прво место одговара совршено на нашата единствена платформа за мобилност и е важен знак за доверба во услови на непостојана околина за патничкиот сектор. WIZZ RIDE е фантастична вест за клинетите на WIZZ AIR кои се во потрага по едношалтерски систем за сите свои патни потреби и дополнително ја зајакнува важноста на брендот на нашите партнери.
CarTrawler има незаменлив, стручен увид во индустријата и е добро поставен да управува со закрепнување преку иновации како што е нашата платформа. Овој акцент на клиентот ќе помогне во обнова на патничкиот сектор и ќе понуди силни основи на кои сите ќе можеме да растеме и да напредуваме “.