Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

За првпат опслужени преку 3 милиони патници на македонските аеродроми

Актуелно

За првпат опслужени преку 3 милиони патници на македонските аеродроми

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид ја завршија рекордно 2023 година со вкупно 3,149,274 патници и 23,949 опслужени летови, што претставува значителен пораст во патничкиот авиосообраќај.

Според информации од ТАВ Македонија, овој резултат е историски, бидејќи првпат во историјата на македонските аеродроми беа опслужени преку 3 милиони патници на годишно ниво. Истиот период во 2019 година, пред пандемијата, бројот на патници беше околу 2.7 милиони.

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, изјави дека се радуваат од овие резултати и истакна дека сè уште пред нив е динамична година. Тие ги надминаа прогнозите за европскиот авионски патнички сообраќај на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) за 2023 година за речиси 23% наспроти 2019 година.

Најфреквентните дестинации од Аеродром Скопје беа Истанбул, Базел, Цирих, Франкфурт и Дортмунд. Во однос на авиокомпаниите, Wizz Air ја зазема најголемата пазарна доминација со 61.8%.

Од Аеродром Охрид, најчестите дестинации беа Базел, Виена и Дортмунд, со Chair Airlines како доминантна авиокомпанија.

Се очекува успешниот тренд во патничкиот сообраќај да продолжи и во идните години.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.