ЗАЕВ: „Напред момци, цела држава навива за вас! “
Премиерот Заев на својот фејсбук профил објави фотографија од неговото пристигнување во Букурешт, неколку часа пред официјалниот натпревар на Македонија – Австрија.
Тој, како што вели, заминал за да ги поддржи македонските репрезентативци.
Зоран Заев, кој слета во Букурешт со владиниот авион, го придружува министерот за надворешни работи Бујар Осман и министерот за економија Крешник Бектеши.
Македонија од 18 часот ќе се соочи со репрезентацијата на Австрија. Ова е прво учество на нашата земја на Европско првенство.