Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЗАЕВ ЗА „КУРИР.РС“: Првата девојка ја имав во Горњи Милановац, а првите милиони ги заработив продавајќи пипер

Актуелно

ЗАЕВ ЗА „КУРИР.РС“: Првата девојка ја имав во Горњи Милановац, а првите милиони ги заработив продавајќи пипер

ЗАЕВ ЗА „КУРИР.РС“: Првата девојка ја имав во Горњи Милановац, а првите милиони ги заработив продавајќи пипер

Македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за српскиот портал „Курир.рс“ откри детали од неговиот приватен живот, како и првата заработка преку продажба на, верувале или не, пиперки.

„Шефот на Владата на Северна Македонија има биографија за која повеќето политичари – не само од Балканот – можат само да сонуваат. Во една исповед за Курир, тој објаснува како отишол од продавач на лубеници до најважната позиција во земјата, каков однос има со неговите родители денес, како го заработил својот прв милион и зошто понекогаш сака да бега сите на мотор“, пишува во интервјуто на Курир.

Тој во ексклузивното интервју појаснува како неговата младост и детство се поврзани со Србија.

„Се што направивме, целиот семеен капитал е поврзан со Србија. Првата девојка ја имав во Горњи Милановац. Убава Јелена. Ја запознав едно лето додека продаваше лубеници, пиперки, домати и краставици на пазарот во тоа место. Првиот дополнителен профит го заработив со продажба на детергент за перење алишта од Србија, и првите милиони кога продадов суви пиперки во Србија“, раскажува премиерот Заев.

Заев вели дека првата голема плата – 2,4 милиони марки ја заработил  од продажба на црвен пипер, кој го давале на Хоргос за производство на миризлив пипер.

„Во 2001 година, во Суботица, преговаравме за цената, квалитетот, стандардите. Договорот пропадна, профитот беше 2,4 милиони марки. И кога ќе го прашате моето семејство од каде е создаден капиталот – тој е создаден од пазарот во Горњи Милановац и од српските фабрики. И син ми и ќерка ми го знаат тоа, а камоли постарите членови на семејството“, вели Заев.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.