Актуелно
Загриженост меѓу вработените во Македонската филхармонија поради пренамената на просториите за новоформираниот џез оркестар
Вработените во Македонската филхармонија изразија загриженост поради одлуката на владата за вдомување на новоформираната национална институција, НУ Оркестар за џез-музика, во објектот на Филхармонијата.
Според нив, ова е несоодветно и ќе направи повеќе штета отколку полза, бидејќи во објектот на Филхармонијата не е можно паралелно да работат две институции.
Вработените истакнаа дека капацитетот на просториите е целосно исполнет и дека наменските простории за Филхармонијата не можат да бидат пренаменети за друга институција.
Иако не се против колегите и оркестарот, тие изразуваат загриженост дека Филхармонијата, која долго време се бореше за сопствен простор, сега ќе треба да ѝ отстапи простор на уште една институција.