Зaпочнува вакцинацијата на хронично болни пациенти од 20 до 40 години
Министерството за здравство ја информира јавноста дека почнувајќи од денеска и во следните два дена, сите хронично болни пациенти и со ризик од Ковид-19, на возраст од 20 до 40 години, кои се пријавиле за вакцинација до 30 април годинава, ќе се вакцинираат на вакциналните пунктови низ државата.
Како што информираат од ресорното министерство, опфатени се повеќе од 40 дијагнози или повеќе од 10 групи на дијагнози кои биле одредени како ризични од страна на Универзитетските Клиники и граѓанските здруженија, како кардиовахулаторни, респираторни, бубрежни, ендокринолошки, малигни, невролошки и останати заболувања и состојби.