Актуелно
Заврши зимскиот распуст – учебната година за основците ќе заврши на 17, а за средношколците на 10 јуни
По завршувањето на тринеделниот зимски распуст, утре основците и средношколците се враќаат во училишните клупи.
Основците ќе учат до 17 јуни, додека средношколците ќе ја завршат учебната година на 10 јуни. Промените беа донесени откако Министерството за образование и наука ги усвои предлог-законите за средно образование и за средно стручно образование и обука.
Истовремено, воведувањето на Е-дневник како пилот-проект започнува во 40 училишта во неколку општини. Оваа електронска платформа за следење на учебните активности се воведува како дел од подобрувањето на образовниот систем.
Дополнително, ресорниот министер, Јетон Шаќири, го повика парламентот да ги поддржи новите закони, истакнувајќи дека тие се неопходни за унапредување на образованието во земјата. Со овие промени, Владата се обидува да ги адаптира образовните системи кон современите потреби и стандарди, што беше препорачано и од страна на Европската комисија.