Вести
АМСМ: Отежнато функционираат граничните премини кон Грција
Граничните премини кон Грција од денеска ќе функционираат отежнато поради 24 часовниот штрајк на грчката царина.
На граничните премини Дојран и Ники ќе се пропуштаат само пешаци, додека на граничиниот премин Евзони товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин, а повремено ќе се пуштаат автомобили и автобуси.
Како што информира АМСМ, од вчера во 21 часот на граничниот премин Стар Дојран грчката царина не пропушта патнички и товарни возила, односно се пропуштаат само пешаци. На граничниот премин Богородица од ноќеска на полноќ товарниот сообраќај при влез и излез во Грција е во целосен прекин, додека автобускиот и патничкиот сообраќај функционира со повремени прекини (60 минути блокада, 15-тина минути пропуштање).
Утринава од 7:00 часот почна штрајк и на граничниот премин Ники и ќе трае до 24 часот. Поради тоа на граничниот премин Меџитлија ќе бидат пропуштани само патници кои патуваат пешки додека возилата нема да бидат пропуштани.