Актуелно
АНКЕТА: Клинтон води со пет проценти пред Трамп
Кандидатот за претседател на демократите Хилари Клинтон има предност од пет отсто пред кандидатот на републиуканците Доналд Трамп, според најновата анкета на „Вашингтон пост“ и Еј-Би-Си, објавена рано изутринава.
Според анкетата Клинтон освоила поддршка од 48 отсто, додека Трамп го поддржале 43 проценти од анкетираните.
Во претходната анкета, чии резултатите беа објавени во петокот,. Клинтон имаше поддршка од 47 отсто, а Трамп од 44 проценти.
Најновата анкета покажа дека поддржувачите на Клинтон се раководат пред се од позитивните оценки за неа, додека мнозинството поддржувачи на Трамп се раководат „пред се од негативната оценка на Клинтон“.