Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Архимандритот Јоаникиј од Ракотинци ќе биде прогласен за светител

Вести

Архимандритот Јоаникиј од Ракотинци ќе биде прогласен за светител

Архимандритот Јоаникиј од Ракотинци денеска во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје ќе биде прогласен за светител. Денешниот ден на официјалната канонизација ќе биде впишан во календарот на МПЦ.

Настанот е во организација на Скопската православна епархија при Македонската православна црква – Охридска архиепископија, и е во контекст на празнувањето на 50-годишнината од возобновувањето на автокефалијата на Охридската архиепиекопија во лицето на МПЦ.

Централната манифестација ќе се одржи денеска во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје. Во 8 часот од мостот „Гоце Делчев“ ќе тргне свечена литија со пренос на моштите на преподобниот Јоаникиј Ракотински.

Литијата ќе се движи од мостот „Гоце Делчев“, пред Владата и потоа во ќе заврти на булеварот „Св.Климент Охридски“ и повторно во спротивен правец на бул.„Партизански одреди“, тука ќе застане и во определеното време моштите ќе бидат преземени од страна на архиепископот и на другите владици на Светиот архиерејски синод и ќе бидат внесени во храмот и по т.н. кратка молитва односно трисагија ќе биде обзнанета одлуката на САС за прогласување на архимандритот Јоаникиј од Ракотинци за светител, односно со називот преподобен Јоаникиј Ракотински.

Во меѓувреме, додека се одвива литијата во храмот, ќе биде започната светата божествена литургија со која ќе чиначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на сите членови на Архиерејскиот синод на МПЦ и свештенство од сите епархии на МПЦ.

За верниците кои се заинтересирани да го проследат прогласувањето Архимандритот Јоаникиј Ракотински за светител, МПЦ во координација со ЈСП организира бесплатен автобуски превоз штој ќе тргнува од одредени локации во Скопје и ќе се движи по одредени станици и верниците ќе ги остава кај гимназијата „Јосип Броз Тито“. Улиците „Св. Климент Охридски“ и булеварите „Илинденска“ и „Партизански одреди“ околу Соборниот храм ќе бидат затворени од 7:30 до 12:30 часот.

Јоаникиј Ракотински по потекло е од Охрид, а се упокоил во 40-тите години на 20 век. Живее по разни манастири во Скопје и последното негово живеалиште е во манастирот во селото Ракотинци каде се упокојува и каде ја пишува и својата позната книга „Лекарство“, тоа е сет од рецепти со билки кои ги користеле луѓето и таа во оргинал ракопис од него се чува во библиотеката на Богословскиот факултет во Скопје.

Во пресрет на впишувањето на архимандритот Јоаникиј Ракотински во списокот на светиите, вчера во 17:30 часот се одржа вечерна богослужба во Соборниот храм, а по нејзиното завршување се одржа помен или парастос за преподобниот Јоаникиј Ракотински со кој началствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.