Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

АУДИО: Шеста бомба – трошиме на чоколадо, а немаме за леб

Актуелно

АУДИО: Шеста бомба – трошиме на чоколадо, а немаме за леб

Во телефонски разговори објавени на денешниот прес на лидерот на СДСМ Зоран Заев, помеѓу министрите Зоран Ставрески и Гордана Јанкуловска се гледаат нивните несогласувања со политиката на трошење на премиерот Никола Груевски и со проблемите на кроењето на буџетот.

Заев рече дека со овие разговори се покажува зошто Јанкулоска и Ставрески се најприслушуваните министри од страна на премиерот Никола Груеввски и шефот на тајната полиција Сашо Мијалков.

Според него, емитуваните разговори покажуваат дека Груевски издавал наредби да работат противзаконски, за незаконско подигнување милионски кредити од странство, реклами, споменици и уметнички слики, кога биле доведени ви прашање платите на вработените во администрација.

„Приходите се катастрофа, на дрво да ги берев парите, ова не се издржува. Сто пати реков не иде вака“, вели машкиот глас во емитуваните разговори.

Машкиот глас во еден од разговорите вели: Да бевме Америка немаше да изржиме.

„Треба да разбереме дека сме лудаци, ние трошиме на чокалада, а немаме леб да јадеме“, вели машкиот глас за кој Заев тврди дека е на Ставрески.

Од разговорите се гледа дека министрите Јанкуловска и Ставрески биле подготвени да предложат кратење на платите на државната администрација или намалување на бројот на вработените во администрацијата, но очигледно е дека ваков предлог не бил ставен на дневен ред на владина седница.

Во продолжение слушнете ги скандалозните снимки:

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.