Балкан
Мадона даде поддршка за студентите во Србија
Американската музичка ѕвезда Мадона на својот Инстаграм стори сподели видео од студентските протести во Србија, истакнувајќи дека медиумите не ја пренесуваат нивната вистинска тежина.
„Она што медиумите не ви го кажуваат е дека еден од најголемите студентски протести од 1968 година во моментов се одржува во Србија“, стои во објавата што ја сподели пејачката.