Силен земјотрес ја разбуди Македонија, епицентарот во Албанија
Два земјотреси со јачина од 6.3 и 6.6 степени ги вознемирија граѓаните од регионот.
Земјотресите со епицентар во Драч, во Јадранското море, се почувствуваа и во Македонија, Србија, Црна Гора, Грција и Косово.
Засега нема информација за евентуални штети или жртви.