Силни земјотреси цело утро ја тресат Албанија (ФОТО)
Силни земјотреси, од кои најсилниот од 5.3 степени, утрово ја тресат Албанија, а се почувствувани и во целиот регион. Земјотресите се со епицентар во Корча, а најсилниот траел цели 10 секунди.
Албанските медиуми јавуваат за значителни материјални штети. Земјотресот бил почуствуван и во Северна Македонија, односно Струга, Охрид и Ресен. Од 06:26 часот се регистрирани вкупно 11 потреси, а земјата се уште не престанува да се тресе.