Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Србија целосно се отвора на 21 јуни – обезбедени и вакцини за сите посетители на фестивалот „Егзит“

Балкан

Србија целосно се отвора на 21 јуни – обезбедени и вакцини за сите посетители на фестивалот „Егзит“

Србија целосно се отвора на 21 јуни – обезбедени и вакцини за сите посетители на фестивалот „Егзит“

Српската премиерка Ана Брнабиќ и Кризниот штаб на Република Србија, благодарение на успехот на масовната вакцинација во Србија и драстичното подобрување на епидемиолошката ситуација, официјално го означија 21 јуни како денот кога соседна Србија ќе се врати на нормалниот живот и ќе овозможи одржување на фестивалите и концертите.

Овој план создава пат кон целосното отворање на државата со што „Егзитовата“ прослава на 20-годишнината на Фестивалот планирана од 8 до 11 јули на Петроварадинската тврдина ќе биде еден од првите големи европски фестивалски настани ова лето.

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ за оваа прилика изјави: „Благодарение на успехот во масовната вакцинација и сѐ подобрата епидемиолошка ситуација, желба ни е за Светскиот ден на музиката 21 јуни да ја отвориме земјата за собири, концерти и фестивали. Со тоа покажуваме грижа за менталното здравје на младите луѓе и на дело ја потврдуваме стратешката определеност кон развој на креативните индустрии. Одржувањето на ’ЕГЗИТ’ Фестивалот, со кој Србија се годрее во светот, ќе биде еден од важните симболи на победа над пандемијата“.

„ЕГЗИТ“ (Exit) и останатите големи српски фестивали, минатиот петок ја лансираа националната кампања за вакцинација насочена кон младите, а кон бранот оптимизам придонесуваат и рекордно ниските бројки на новозаразени во земјата. Како придонес кон општата безбедност, како и онаа на самиот фестивал, Министерството за здравство на Србија ќе обезбеди вакцини за 1500 странски изведувачи и посетители на „Егзит“. Исто така, „ЕГЗИТ“ определи 3000 влезници за отворањето на Фестивалот на 8 јули кои ќе бидат поделени на медицинските работници.

Паралелно со оваа објава, во Фестивалскиот лајн-ап се приклучуваат и неколку нови имиња. Хитмејкерот Робин Шулц (Robin Schulz), исклучително ценетиот холандски уметник Сатори (Satori), надоаѓачката турска хаус ѕвезда Ече Екрен (Ece Ekren) како и низа изведувачи на омилената прогресивна транс бина „Гаја Транс Експеримент“ (Gaia Trance Xperiment) ги потврдија своите настапи и ја засилија прославата за одбележување на 20-годишнината на Фестивалот. Сите тие заедно ќе им се придружат на веќе претходно објавените бројни светски и регионални ѕвезди меѓу кои се Дејвид Гета, Диџеј Снејк, Тајга, Асаф Авидан, Сабатон, Пол Калкбренер, Нина Крвиц, Борис Брејча, „Артбат“, „Хот Синс 82“, Шек Вес, Медуза, Соломун, Пол ван Дајк, Хани Дижон, Амира Медуњанин, „Буч Кесиди“, Марко Настиќ и многу други. Покрај новите имиња, „ЕГЗИТ“ ја најавува и продажбата на еднодневните влезници која започнува во вторник, 1 јуни.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Балкан

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.