Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Во Србија покрената петиција за затворање на Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша

Балкан

Во Србија покрената петиција за затворање на Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша

Српската пејачка Јелена Карлеуша неодамна се најде во центарот на вниманието поради нејзините секојдневни објави на социјалните мрежи за протестите во Србија и Александар Вучиќ, и поради тоа покрената е петиција за затворање на нејзиниот Инстаграм профил.

Здружението на граѓани „Еко Стража“ од Србија ова барање го испратило до компанијата Мета поради „говор на омраза, расизам, ксенофобија и штетно однесување“, јавуваат српските медиуми. Досега се собрани околу 300 илјади потписи, а нивната цел е 350 илјади.

Маркетинг

„Од Мета бараме суспензија на профилот на Јелена Карлеуша на Инстаграм поради говор на омраза, расизам, ксенофобија, таргетирање поединци и генерално штетно однесување. Ова се повеќекратни прекршувања на упатствата на Инстаграм, особено во однос на говорот на омраза, вознемирување и дезинформации“, пишува во објавата на Еко Стража.

Тие исто така додадоа дека пејачката ги користи своите профили на социјалните мрежи за политички пропагандни цели. Според нив, од почетокот на студентските протести во Србија, Карлеуша речиси секој ден споделува десетици објави за поддршка на претседателот Вучиќ и отворено ги навредува сите кои не се согласуваат со нејзиното мислење.

„Профилот на Карлеуша на Инстаграм постојано се користи како платформа за таргетирање поединци, ширење реторика на омраза и промовирање пропаганда во корист на српскиот автократ Александар Вучиќ. Нејзините објави вклучуваат ксенофобични и расистички коментари, како и координирано вознемирување на поединци и групи. Овие акции не само што ги прекршуваат политиките на Инстаграм „туку и придонесуваат за непријателско онлајн опкружување кое поттикнува понатамошна поделба и нетолеранција“, продолжуваат тие.

„Според сопствените упатства на Инстаграм, говорот на омраза и вознемирувањето се строго забранети. Сепак, и покрај бројните извештаи од корисниците, нејзиниот профил останува активен и продолжува да служи како мегафон за екстремизам и политичка манипулација, дозволувајќи и на таквата содржина да опстојува, се поткопува посветеноста на Инстаграм за безбеден и инклузивен дигитален простор“, додаде неформалната група Еко Стража.

Повеќе од Балкан

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.