Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Бејли: Изборите мирни со неколку нерегуларности

Вести

Бејли: Изборите мирни со неколку нерегуларности

Амбасадата на САД ја дели оценката на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори дека се спроведени мирно со неколку процедурални нерегуларности, изјави денеска амбасадорот на САД Џес Бејли.

– САД ги поздравуваат сите граѓани кои го исполниле своето право да гласаат на изборите на 11 декември. Ја поздравуваме прелиминарната оценка на ОБСЕ и ОДИХР  дека изборите беа компетитивни и дека беа почитувани фундаменталните слободи. Излезноста беше добра, а изборите беа спроведени мирно со неколку процедурални нерегуларности. Ја изразуваме загриженоста на мониторинг тимот на Американската амбасада за административната подготовка на изборите и ја повикуваме идната влада да продолжи да работи на градење на капацитетите на ДИК и да ги разреши структурните и правните прашања кои се однесуваат на Избирачкиот список, изјави Бејли.

Тој истакна дека изборите на 11 декември беа важен чекор за излегување на Македонија од политичката криза.

– Ги охрабруваме партиите кои ќе ја оформат идната влада да соработуваат конструктивно со опозицијата на спроведувањето на реформите кои ќе овозможат продолжување на процесот на евроатлантските интеграции особено на владеењето на правото. САД како и други членови на  меѓународната заедница остануваат партнери на Македонија во однос на овие цели, порача американскиот амбасадор.

На новинарско прашање Бејли истакна дека ќе се воздржат од коментирање на резултатот од изборите бидејќи очекуваат прво ДИК да излезе со прелиминарните резултати за изборите.

Запрашан  дали е можно врз резултатот од изборите да влијаат нерегуларностите утврдени од ОБСЕ ако се има предвид дека разликата меѓу двете партии е 15.000 гласа, а бројот на поништени гласачки ливчиња е околу 30.000, американскиот амбасадор изјави дека по завршувањето на гласањето согласно Изборниот законик почнува процес во кој политичките партии можат да покренат прашања за процедурални забелешки.

– Овој процес започнува откако ќе бидат објавени прелиминарните резултати од изборите. Затоа е важно да се дозволи да почне тој процес како што е наведено и во Изборниот законик, а кој исто така е дел од администрирањето на самите избори. Затоа не можам да шпекулирам за резултатот од изборите, рече американскиот амбасадор Бејли.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.